Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 23:13-22
13. | Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, затоа што го затворате царството небесно пред луѓето; оти, нити вие влегувате, ниту ги пуштате да влезат оние, што сакаат да влезат. |
14. | Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти ги подјадувате домовите на вдовиците и лицемерно долго се молите; заради тоа ќе добиете поголема осуда. |
15. | Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто обиколувате по море и по копно за да добиете еден последовател, и кога ќе успеете во тоа, тогаш го правите син на пеколот, двапати полош од вас. |
16. | Тешко вам, водачи слепи, кои велите: »Ако се заколне некој во храмот, не е ништо; но ако се заколне некој во црковното злато, виновен е.« |
17. | Безумни и слепи! Што е поголемо, навистина: златото или црквата, која го осветува златото? |
18. | Исто така велите: »Ако некој се заколне во жртвеникот, ништо не е; но, ако некој се заколне во дарот што е на него, виновен е« |
19. | Безумни и слепи! Што е, навистина, посвето: дарот или жртвеникот, што го осветува дарот? |
20. | А кој се заколне во жртвеникот, се колне во него и во сe што е врз него; |
21. | и кој се заколне во црквата, се колне во неа и во Оној, Кој живее во неа; |
22. | и кој се заколне во небото, се колне во престолот Божји и во Оној, што седи на него. |
Апостол на денот: Второ послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните 2:4-15
4. | Оти од многу грижи и од тага на срцето ви напишав со многу солзи, не за да ве огорчам, туку зада ја познаете преголемата љубов, што ја имам кон вас. |
5. | Ако ли, пак, некој ме ожалости, тоа не ме ожалостил мене, а донекаде, да не претерам, сите вас. |
6. | Оти доволна казна е ова за таков од мнозинството; |
7. | така што за вас е подобро да му простите и да го утешите, за да не пропадне од преголема жалост; |
8. | затоа ве молам кон него да покажете љубов. |
9. | Зашто со таква цел и ви напишав, со обид да узнаам дали сте во сe послушни. |
10. | А кому вие ќе му простите за нешто, нему ќе му опростам и јас; оти јас, ако сум простил некому нешто, сум му простил поради вас во името на Исуса Христа, |
11. | за да не земе сатаната предимство над нас: бидејќи неговите замисли ни се извесни. |
12. | Кога дојдов во Троада да го проповедам Евангелието Христово, и вратата ми беше отворена во името Господово |
13. | духот мој немаше спокој, бидејќи таму не го најдов мојот брат Тит; и откако се простив од нив, заминав за Македонија. |
14. | Но да Му благодариме на Бога, Кој секогаш ни дава победа во Исуса Христа, и преку нас го шири мирисот насекаде, по кој Го познаваме самиот Него. |
15. | Зашто ние сме Христов мирис пред Бога за оние, кои се спасуваат, и за оние, кои гинат; |
Поука на денот: Свети Марко Подвижник
Кога се сеќаваш на Бога, умножи ги своите молитви, за да се сети и Бог на тебе, кога ти ќе Го заборавиш.